Четири лица од Турција загинаа во сообраќајна несреќа на патот Мостар – Јабланица, додека едно дете е хоспитализирано во критична состојба.
Несреќата се случила при судир на камион и автомобил, соопшти Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Четири лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа што се случи во местото Радешине под Челебиќи, на магистралниот пат Мостар – Јабланица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), жртвите се сопружници од Турција и нивните две деца.
Несреќата се случила кога автомобилот во кој се превезувало петчленото семејство се судрил со камион. За жал, четирите жртви починале на пат кон болница.
Третото дете, кое исто така било во возилото, е пренесено во болница во Сараево, каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата и надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата. Сообраќајот на магистралниот пат Мостар – Јабланица беше привремено блокиран за да се овозможи истрага и расчистување на местото на несреќата.
Трагичната несреќа го потресе регионот, а локалните власти изразија жалење за трагичниот настан.