Летовите откажани, маркетите празни, 560.000 згради без струја: Силно невреме беснее во делови од Европа

Властите и жителите од поголем дел на Велика Британија се во состојба на готовност поради бурата Еовин, при што речиси 4,5 милиони луѓе добија порака опасна по живот во четвртокот навечер.

Набргу по 8 часот беше објавено дека 560.000 згради се без струја само во Ирска, бројка што се очекува да се зголеми како што поминуваа часовите додека не се знае кога ќе се отстранат дефектите.

Лошото време првично го погоди западниот брег на Ирска со ветрови од 135 километри на час, што е рекорд во метеоролошката историја на земјата.

Стотици летови се откажани на аеродромите во Глазгов, Единбург и Даблин.

Во Даблин од 3 часот по полноќ откажани се 220 слетувања и полетувања и „се очекуваат дополнителни откажувања и одложувања“.

Проблеми и на железничките линии, бидејќи Скотрејл ги суспендира сите услуги за денес, додека Нешнал Рејл предупреди на проблеми на LNER, London Northwestern Railway/West Midlands Railway, Northern, South Western Railway, Southern, TransPennine Express.

Во исто време, најавено е затворање на сите училишта во Северна Ирска, централна и јужна Шкотска, додека затворени се и неколку универзитети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде