Беше одличен работник, колега и пријател…
На 47-годишна возраст почина Емилија Николова-Христовска, раководителка на секторот за финансиско работење во Македонската радио-телевизија.
Сопруга и мајка на две деца.
Таа во секторот финансии максимално го даваше својот придонес во изминатите 10 години. Беше одличен работник, колега и пријател.
Емилија беше погребана денес на градските гробишта во Бутел.