Балканот во солзи: Сестрата на Тоше Проески по повод роденденот сподели емотивна фотографија

Тоше Проески беше еден од најпопуларните и најталентираните пејачи на целиот Балкан, а неговиот живот згасна на 26.години, во 2007. година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи во Хрватска.

Неговите најблиски, како и многу негови фанови, денес делат спомени на Тоше, а се огласи и неговата сестра, Дора Проеска.

Имено, Дора сподели фотографија од роденденска торта на која со златни букви го пишува името на нејзиниот брат.

На тортата има и златен крст, како и бели ангелски крилја, а во позадината стојат свеќи и неколку фотографии со Тоше.

Оваа глетка што ја објави Дора од својот дом никого не остави рамнодушен, а таа ја сподели само со едно срце во црна боја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде