Две тешки сообраќајки кај Паланка, се огласи градоначалникот Митовски

Две тешки сообраќајки се случија во близина на Крива Паланка.

По тој повод се огласи градоначалникот Митовски

Искажувам сдлабоко жалење за случките во вчерашните две сообраќајни незгоди на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, во кои едно лице го загуби животот, а шест лица се повредени.

Иако патот не е во надлежност на општината, како одговорен човек пред сѐ, и како одговорна локална власт, веднаш стапив во контакт со проектниот менаџер на патот од Јавно претпријатие за државни патишта ( ЈПДП), сообраќајниот инженер,

изведувачот на градежните работи и надзорниот орган, по што во телефонската комуникација се согласивме за брза, итна реакција за коригирање и подобрување на сообраќајното решение со поставување на соодветни успорувачи на сообраќајот и соодветна светлосна сообраќајна сигнализација и истите во брз временски период ќе бидат поставени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде