Познатата блогерка од Харков, Ана Жук (39), загина денеска во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот, јавија украинските медиуми.
Според информациите од националната полиција, несреќата се случила утрово околу 08:40 часот во близина на селото Засулија, а околностите под кои се случила се уште се истражуваат.
Пријавено е дека Лексусот, управуван од возач (25), се судрил со камион рено премиум кој бил паркиран надвор од коловозот. Сопатничката (39) во Лексусот, позната блогерка, од тежината на повредите починала на местото на настанот, јавува УНН.
Возачите на двете возила, како и малолетната сопатничка во Лексусот (10) се повредени и се хоспитализирани во болницата за интензивна нега во Лубни.
Сцената на местото на настанот е страшна.
Еден од украинските блогери на Телеграм сподели страшно видео од местото на настанот и откри дека Ана трагично починала. Смртна несреќа се случи денеска на автопатот Харков-Киев, во која загина блогерката од Харков, Ана Жук, позната како Анет. Зад воланот бил нејзиниот сопруг, а до несреќата дошло кога се обидел да претекне возило на десната лента, каде друго било запрено. Ана починала на лице место, а детето кое било со неа на задното седиште скршило или рака или нога – напишал еден блогер на својот канал Телеграм.
Како што може да се види на снимката од местото на настанот, автомобилот „Лексус“ бил целосно уништен, стуткан како лимена канта, а неговите делови биле расфрлани по целиот пат.
На оваа објава реагираа многу украински блогери кои на своите социјални мрежи се простуваат од трагично починатиот колега.
Која беше Ана Жук?
Ана Жук беше позната блогерка од Харков. Таа имаше три сина и профил на Инстаграм со повеќе од 370.000 следбеници.
Својот живот го споделуваше на Инстаграм, учествуваше во различни проекти, беше ангажирана во иницијативи за поддршка на жените, организираше работилници и обуки, а често се појавуваше на различни подкасти и интервјуа.