Командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски за „360 степени“ изјави дека пожарот бил пријавен во 12:33 часот и дека по нивната интеревенција тој е целосно изгаснат
Од МВР информираат дека автобусот се запалил во движење кај кружниот тек во село Сопиште и дека на едно лице кое кое вдишало чад му била укажана лекарска помош на самото место, додека други повредени лица нема
Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска се запали во општина Сопиште.
Од видеото и фотографиите што ги објави државната новинска агенција МИА се гледа како гори задниот дел од автобусот.
Командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски за „360 степени“ изјави дека пожарот кај нив бил пријавен во 12:33 часот и дека по нивната интеревенција тој е целосно изгаснат и оти нема повредени лица.
Според Томевски станува збор за автобус на ЈСП кој сообраќа на линијата број 58.
„Пожарот е изгаснат и се работи на дорасчистување“,ни изјави Томевски.
Според него, во гаснењето интервенирале осум пожарникари со две противпожарни возила и не е дозволено огнот да ги зафати соседните објекти и дрвја во чија близина се наоѓал автобусот.
„Пожарот настанал во делот кај моторот, нема повредени, патниците се навреме евакуирани и предизвикана е само материјална штета“,ни изјави командирот на скопската Противпожарна бригада.