Полицијата во Панчево ги вложува сите сили и ресурси за пронаоѓање на Тамара Новаков.
Полицијата ја пребара реката, околните села, а во потрагата биле вклучени и багери кои откопувале некои делови од земјата, но Тамара не била пронајдена.
Според неофицијални информации, во куќа лоцирана во близина на каналот каде што е пронајдено телото на Елвис, полицијата пронашла прамен коса и крвава маица за која постои сомневање дека и припаѓа на Тамара Новаков. Маичката и праменот коса се испратени на ДНК тест.
-Се истражува дали крвта на неговата јакна доаѓа од младата женска личност по која се трага. Наводно, во куќа во близина на каналот биле пронајдени парче коса и крвава маица.“, изјави претходно за Блиц извор запознаен со случајот.
Додека трае потрагата по Тамара, се истражува причината за смртта на нејзиното момче Елвис, кој беше пронајден во каналот Дунав-Тиса-Дунав.
Да потсетиме дека потрагата по Тамара Новаков започна дури 10 дена по нејзиното исчезнување, кога беше пронајдено телото на нејзиното момче.
Како што претходно кажа нејзината сестра Кристина, Тамара и Елвис имале навика да заминат неколку дена и да не контактираат со никого.
Тој ден излегле од дома со расправија, а сестрата на Тамара изразила сомнеж дека Елвис прво ја убил неа, а потоа себе си.
– Тие излегоа од куќата бесни и скарани. Постојано се расправаа, тој беше многу љубоморен. Се плашам дека ја убил и ѝ го фрлил телото во реката, па скокнал од мостот“, изјави претходно за „Блиц“ сестрата на Тамара.