Д-р Андовска: Драги пријатели од Србија, ви се спроведува истото сценарио кое се спроведе во Македонија

На платформата „Фејсбук“ професорката и музичарката Дарија Андовска се обрати кон србите кои протестираат. Таа ги повика да се сетат на протестите кај нас:

„Драги пријатели од Србија,

верувам дека имате многу причини да бидете револтирани и да сакате промени. Верувам и дека мислите дека не може полошо од ова што ви се случува во моментот.

Кај вас се спроведува истото сценарио кое беше спроведено во Македонија пред 10 години, кое исто така почна со студентите.Тоа и не е така одамна и ние не сме така далеку, за да не знаете и да не се сеќавате.

Нам тоа сценарио ни донесе насилна промена на уставното име Македонија, тешки криминалци и глупаци на власт, секојдневни скандали од епски размери, ненаситни изроди кои ја уништија Македонија од речиси секој аспект.

Да, борете се за подобро. Но, да, бидете попаметни од нас. Ние немавме од кого да го видиме сценариото и резултатите. Вие имате.

Со среќа“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде