Во судар меѓу автобуси кај Умка загинаа Виолета И.(45), мајка на две деца и младиот Урош Х.(28).
Како што претходно објавивме, во судар на автобус „Ласте“ управуван од Р.Ж. загинале Виолета И. и младиот Урош Х. (58) и автобусот „Шевиќ турс“ управуван од возачот Ж. (66). Во оваа несреќа се повредени 56 лица.
Жителите на Коцељево тагуваат за загубата на жената која зад себе остави две малолетни деца.
– Мислам дека нејзиното постаро дете има 11, а помалото дете 9. Синоќа прославија роденден во игротека. Кој би помислил дека може да се случи вакво нешто? Нејзините најблиски се во шок и болка“, вели познаник на ужаленото семејство од Коцељева.
Како што објавија српските меидуми, Виолета била вработена во Министерството за транспорт и 15 години на работа патувала со автобус.
– Таа одамна патува по овој пат и со години има резервирано место зад возачот – изјавија за Инфоремр од „Шевиќ турс“.
Починатата Виолета зад себе оставила две деца и сопругот Владимир кој утрово бил на местото на несреќата.