Испратено ново предупредување – еве кога не очекуваат нови врнежи од снег

Метео анализа на Славчо Попоски.

Во овие часови во нашата Македонија, односно во многу котлини има густа магла и е многу поладно, за разлика од повисоките места, планините, и Скијачките центри, каде е значително потопло и со повремена променлива облачност.

Според она што можам да го кажам, и тоа со најновото ужурирање на прогностичките модели, големо враќање на зимата и големо заладување на времето,

со многу ниски температури на воздухот, северн ветер и можност за нов снег можно е од 3 февруари па во деновите потоа, што значи по се изгледа дека од тој период ќе навлеземе во нов многу ладен период.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, што значи дека јавноста навремено ќе биде информирана што точно не очекува од првите денови на месец февруари, и дали навистина зимата своето право лице повторно наскоро и тоа како ќе го покаже.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде