Нови детали: Од силината на ударот жена паднала од автобусот и починала на лице место

Две лица загинаа, а неколку лица се повредени во судир на два автобуса што се случи на Обреновачкиот пат меѓу Умка и Остружница.

Според информациите од Итната помош две лица починале, маж на возраст од околу 30 години и жена на возраст од околу 40 години, десет лица се пренесени со тешки трауми, додека 14 лица се со полесни повреди.

Седум екипи на Брза помош биле на терен, потврдија за Еуроњуз Србија.

Танјуг претходно јави дека се повредени најмалку 15 лица.

Од МВР Србија известија дека несреќата се случила околу 6:20 часот.

„Ниту еден возач не загина, јас бев меѓу првите што помогнав. Еден патник во автобусот на Ласта загина, а една жена испадна од автобусот на Шевиќ турс“, вели очевидец на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде