Се огласи Никола Груевски: Наместо да има аеродром меѓу Св.Николе и Штип тие земјиштето го доделија на…

Наместо во Софија и во Приштина авионите кои заради маглата не можеа денес да слетаат во Скопје, ќе можеа да слетаат на аеродромот меѓу Св.Николе и Штип.

За жал Заев заради лична корист се откажа од готов проект, со решени имотно-правни односи на земјата каде требаше да се изгради аеродромот за која буџетот плати со парите од народот,

а истата земја заради лукративни причини ја дадоа на некој нивни пајташ за да си стави сончеви панели, на веќе потпишан цврст договор за инвестирање на концесионерот ТАВ, што значи немаше да има трошоци на буџетот за новиот аеродром,

кој после 2028 година со доинвестирање од следниот концесионер, од карго можеше да се претвори во нов главен аеродром на 30 минути возење од Скопје, на место каде нема појава на магла.

Нарушувањето на таков договор е кривично дело, бидејќи одредби кои се дел од тендерски услови на меѓународен објавен јавен повик не може да се менуваат со анекс на договорот, но обвинителството одлучи да молчи, и сеуште молчи.

Одлуката за откажување меѓудругото директно оди во прилог на Бугарија, Косово и други околни држави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде