Македонски државјанин со 184 километри на час се забил во полициско возило

Македонски државјанин вчера бил уапсен во Бујановац, Србија, откако со своето возило кое го возел со огромна брзина, се забил во полициско возило и повредил полицаец.

Српските медиуми пренесуваат дека Македонскиот државјанин Ј.А. роден 2002 година, на автопатот кај Бујановац возел со 184 километри на час.

–  Ј.А. е задржан во полициска станица затоа што со брзина од 184 километри на час, со своето возило удрил во полициско службено возило и во таа прилика повредил полицаец.

Оштетен е и полицискиот радар. Материјалната штета се проценува на 2 милиони динари, велат од српската полиција.

Неофицијално, несреќата се случила на дел од автопатот помеѓу Бујановац и Прешево.

Засега не се познати повеќе детали.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде