Попладнево од 17:35 часот, поради вршење на увид на сообраќајна незгода, воведена е забрана за движење за сите видови возила во двата правци на А-2 Крива Паланка од клучка Експресен Пат кон ГП-Деве Баир, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.