УХМР со најнова вест: Доаѓа влажен бран – еве кога започнуваат врнежите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, магливо и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено.

Утре попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде