Репрезентацијат ана Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство и тоа со гол во последната секунда во натпреварот против Унгарија за победа од 31:30.
Домашната репрезентација подобро го започна натпреварот стигнаа и до водство од два гола, но Унгарија потоа ја презема инцијатвата и поведе со четири гола разлика. Сепак, Хрватска се врати и до паузата израмни на 16:16.
Слична слика гледавме и на почетокот на второто полувреме кога Хрватска се обидуваше да наметне темпо, но избраниците на Чема Родригез не дозволуваа.
Унгарија во 48. минута поведе и со три гола и тука изгледаше дека Хрватска го губи чекорот. Но, домаќините не мислеа така.
Со одлична игра во одбраната Хрватска стигна до израмнување на 30:30, а потоа Шипиќ во последната секунда постигна гол за ерупција во загрепската арена.
Најефикасен во победничкот состав беше Главаш со шест голови. На спротивната страна Зоран Илиќ постигна осум погодоци.