Дали погрешија македонските судии? Голот на Карабатиќ е нерегуларен?

Познато е дека синоќа и двата четвртфинални мечеви на СП имаше и тоа каква драма. Хрватска славеше против Унгарија, а Франција со голот на Карабатиќ успеа во финишот да го победи Египет.

На тој меч судии беа нашите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Веднаш по мечот, а посебно утринава, како “загревање“ за тоа што утре ќе се случува во полуфиналето, медиумите во Хрватска наголемо пишуваат, поточно се прашуваат дали тој победнички гол на Лука Карабатиќ е регуларен.

Николов и Начевски ја гледаа снимката за да се уверат дека голот паднал пред истекот на времето.

Се наведува во моментот кога тој шутира, еден негов соиграч бил веќе на противничката половина. Ако е така, тогаш акцијата треба да се врати назад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде