Утрово започнаа врнежите, еве во кои делови од Македонија
Утринава во Македонија имаме променливо облачно време, исто така имаме и повисоки температури, и тоа поради јужното воздушено струење, а во западните предели има и локални врнежи од дожд.
Повремено засилува ветер од јужен и однјугоисточен правец.
Најладно утринава е во Берово со -1 степен, во Охридско, Струшкиот регион е значително потопло со измерени 7 степени, а во Гевгелија 8 степени.
На картата можете да ги погледнете и останатите температури измерени ова утро низ Македонија.
Метео анализа на Славчо Попоски.