Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со услови за повремен слаб дожд.
Во петок и во сабота (31 јануари, и 1 февруари) во Македонија ќе имаме преодно и краткотрајно стабилизирање на времето, со многу повеќе сончеви периоди, како и со повремено слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Особено во ноќните и во утринските часови по котлините повторно ќе има појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопскиот регион во овие два дена ќе имаме стабилно, суво време со многу повеќе сончеви периоди, а во котлината, особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Наутро речиси насекаде во Македонија температурите ќе бидат позитивни, односно над нулата, а преку денот тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.
Според УХМР, во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.