Најнова прогноза: Ладен бран ќе ја зафати Македонија – ќе има ли врнежи од снег?

Метео најава на Славчо Попоски:

Почитувани, од 3 февруари па натаму се враќа многу ладното време во најголем дел од Европа, Балканот, вклучувајќи ја и нашата Република Македонија,

околу тоа дали ќе има снег, сеуште е знак прашалник, допрва ќе се проценува тоа, дали со овој многу ладен бран од североисток ќе има нов снежен бран, или пак ќе биде сув студ.

Следува најново ажурирање на прогностичките модели денес 30.1.2025, напиша Попоски и додаде:

Опција за снежен бран околу 5/6 февруари во Македонија, прогностичките модели веќе цртаат формирање на висински циклон јужно од нас, поточно некаде над Грција, ќе биде многу ладно, а во ваква ситуација очекуваме и пообилни врнежи од снег…

Сепак, сеуште за снегот немам официјални информации, што значи дека околу него состојбата и понатаму ќе ја следам, па јавноста навремено ќе биде информирана што точно ќе ни донесе овој многу ладен продор од североистокот на Европа, и тоа почнувајќи уште од 3 февруари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде