Автомобил удрил во пешак, возачот избегал – по укажаната помош, и пешакот побегнал од болница!

Денеска во Скопје се случила нова сообраќајна несреќа во која возило удрило во пешак, јавува телевизија Телма.

„Денеска во 13.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот.

Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, велат од МВР.

Според информациите на телевизијата, и повредениот пешак по укажаната медицинска помош си заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде