И каменот ќе заплаче: Таткото со емотивни зборови се прости од ќерката Фросина

Младата 22 – годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, усмртена на „Партизанска” во Скопје, ќе биде погребана денеска во Неготино. За ова информираше нејзиниот татко Тодор Кулаков на Фејсбук.

– Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат. Утеха ни на небо ни на земја, напиша тој.

За сите пријатели, роднини, колеги, Кулаков соопшти дека погребот ќе биде попладне, откако претходно ќе може да и се оддаде почит во капелата Бутел во Скопје од 10 до 11 часот, а во капелата во Неготино од 13 до 14 часот.

– Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросинче, напиша нејзиниот татко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде