Македонија на нозе: Исчезна 28-годишно момче

Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.

– На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – велат од МВР.

Сестрата на Миле во изјава за Фокус вели дека станува збор за одговорна личност, млад спортист, вработен, и семејството вели дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто.

– Брат ми вчера замина на работа во Кавадарци, облечен во работничка опрема, со црн елек врз палтото. Висок човек е, со спортска градба.

Од она кое го знаеме, му кажал на газдата на компанијата во која работи дека дава оставка, разговарал смирено, а потоа заминал и веќе не знаеме ништо за него – вели за Фокус неговата сестра.

Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде