Потпишан е новиот договор – овие граѓани добиваат за 3.000 денари повисоки плати

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски инфомираше дека го потпишал новиот колективен договор со кој се овозможува покачување на платите на вработените за 3000 денари во општинската администрација и сезонските работицни ангажирани во ЈКП Гази Баба.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

– Не можеме да замислиме низ што поминува еден работник за да заработи во животот, но она што можеме да го направиме е да го почитуваме и вреднуваме неговиот труд – напиша Стефковски на Фејсбук, а потоа дополни, го потпишав новиот колективен договор кој овозможува покачување на платите на вработените во општинската администрација за 3000 денари.

– Ова е второ покачување на платите за вработените во општинската администрација во мојот мандат.

Дополнително донесовме Одлука со која на сите сезонски работници ангажирани во ЈКП Гази Баба кои се грижат за комуналната хигиена на јавните површини да им ги покачиме платите за 3.000 денари.

Покачувањето на платите за сезонските работници во ЈКП Гази Баба е четврто во мојот мандат.

По ваквите одлуки очекувам уште поголема мотивираност кај колегите во насока на реализација на нови проекти и соодветна грижа за хигиената на јавните површини.

Целта на нашето постоење во рамки на општината е да им служиме на граѓаните и тоа не смееме никогаш да го заборавиме! – заклучува на крај од објавата.

Претходно и градоначалникот на општина Кисела Вода најави зголемување на платите за вработените во општината.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде