Убава вест за пензионерите од оваа банка: Проверете ги сметките, пензиите се исплатени

Халкбанк АД Скопје ги известува своите ценети клиенти пензионери дека од денес 30.01.2025 година исплатени се јануарските пензии!

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес, 30.01.2025 година, и истата може да ја подигнат на банкоматите или да ја користат за безготовинско плаќање при пазарење.

„Драги пензионери, пензиите се исплатени! Од денес 30.01.2025, вашите средства се достапни во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите и преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија“, се вели во објавата на Банката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде