Во 2019 година на „Партизанска“ беше прегазена Фросина Цековска од Крива Паланка. И тогаш јавноста реагираше на намалување на казната на возачот кој го усмрти младото девојче. И тогаш се реагираше да се превземат мерки. бидејки „сите сме Фросина“.
По пет години ја доживеавме истата судбина, замина уште една Фросина на само 22 години, возачот место казна доби поправен дом.
Другарката на Фросина Цековска и денес со објава на Фејсбук не потсети на згаснувањето на млади животи и неказнивоста.
-Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал млад живот, а девојката се вика Фросина, ја почувствував истата болка која ја чувствував дента кога јас ја изгубив мојата Фросина, почувствував како повторно да изгубив некој толку близок, а болката која ја доживеав тој 3-ти aприл 2015, денес е исто толку голема. Еднаш поодамна напишав : ,,Да не дозволиме да згасне уште еден младешки здив на таа проклета „Партизанска“, да не дозволиме да има следна Фросина”.
Дозволивме!
Прости ни Фросина, не успеавме, не успеавме како луѓе да те спасиме и да не дозволиме повторно да се случи истото – еден млад живот да згасне на еден таков суров начин. Ние како луѓе, молчејќи пред законот дозволивме повторно да се случи ваква трагедија, повторно да изгубиме еден млад живот, повторно дозволивме некој да и ги земе соништатата на една млада девојка, а нејзиното семејство да го остави да тагуваат целиот свој живот.
До кога ваквите случаеви ќе се третираат како сообраќајна несреќа, а не убиство? До кога сторителите ќе поминуваат неказнето? Уште колку Фросини ќе го изгубат животот, за да некој разбере дека закон во државава МОРА ДА ИМА!
Прости ни, и летај Фросина, а летајќи кон небото обиди се да ни простиш, луѓе сме… не знаеме што правиме, стои во објавата.