Утре попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник преку денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Температурите ќе се движат од -8 најниската до 13 степени највисоката.
За утре УХМР прогнозира дека времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.