Авион за медицински транспорт на пациенти се урнал ноќта по локално време во резиденцијална област кај Филаделфија, а во несреќата загинаа шест луѓе кои се возеле во него, меѓу кои и мало девојче, објави компанијата што управува со авионот.
Компанијата соопшти дека во авионот имало четворица членови на екипажот и девојчето-пациент со нејзината мајка.
Американските медиуми јавуваат мајката и девојчето, кое се лекувало во Америка од животно загрозувачка состојба, биле од Мексико, каде и бил упатен авионот, а крајната дестинација бил градот Тихуана.
На видеоснимки што ги објавија локалните телевизиски станици се гледа како авионот паѓа во густо населена област и експлодира.
Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека авионот „Лирџет“ се урнал околу 18:30 часот по локално време, јави „Њујорк тајмс“.
Локалните медиуми јавија дека несреќата се случила во североисточниот дел од Филаделфија.