Регионот тагува: Почина актерот Дејан Матиќ

Актерот Дејан Матиќ почина на 61-годишна возраст по долго и тешко боледување, потврдија од Белградскиот драмски театар.

Драмскиот уметник е роден во Белград на 24 февруари 1963 година. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на Миленко Маричиќ. Актерската кариера ја започна во театарот Ателје 212.

Играше и во Југословенскиот драмски театар, театарот Пуж, како и во малиот театар „Душко Радовиќ“ каде што беше постојан член на ансамблот од 1993 до 1997 година. Во 1991 година со Драган Јовановиќ и Раде Марковиќ ја основал театарската трупа Т. Кугуар, а во 1996 година рок групата Вис д Кугуарс со која настапувал во театарот Звездара, како и низ земјава и странство.

Станал постојан член на Белградскиот драмски театар во 1997 година.

Глумеше во сериите „Мојот селски братучед“, „Отворена врата“, „Театар дома“…

Во серијата „Мојот селски братучед“ го играше Стојан Катаниќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде