Автобус се преврте на автопатот А1

Автобус со 26 патници и двајца возачи се превртел на автопат во близина на Загреб.

Несреќата се случила синоќа, на автопатот А1 кај Доња Зденчина, пренесува Индекс.

Од полициската управа во Загреб за Индекс велат дека несреќата се случила околу полноќ.

„Автобус со странски регистарски таблички се излизгал од коловозот откако возачот изгубил контрола над воланот.

Според нашите информации, никој не е повреден“, соопшти полициската управа во Загреб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде