Балканот се тресе: Регистриран земјотрес со јачина од 5,2 степени

Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рухтер регистриран веднаш по 21 часот во близина на Санторини,

што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена.

Земјотресите во областа продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е што вчера во попладневниот период за 25 минути регистрирани биле седум последователни потреси со јачина меѓу 4,1 и 4,8 степени.

Паралелно претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција, Ефтимиос Лекасна на вчерашната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот.

Земјотресите кои со денови го погодуваат копното на Санторини предизвикаа паника меѓу жителите кои почнаа да ги напуштаат своите домови стравувајќи дека тие се увертира за силен удар но и страв од можно Цунами.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде