Мајката на Фросина со емотивна објава – замоли само за едно нешто

Не стивнува болката и преголемата тага по страшната несреќа во која згасна животот на младата дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино. Таа беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, и тоа додека се шеташе со кучето и во непосредна близина на нејзиниот дом.

А колку таа беше блиска со семејството, покажува и нејзината последна објава на Фејсбук од која на многумина им течат солзи.

Имено, Фросина неколку дена пред да го изгуби животот сподели колаж од снимки од прославата на Нова година со своите најблиски.

На снимите се и нејзината мајка и татко, но и нејзината сестра Росица со која Фросина беше неразделна и мошне блиска.

Премногу тажни се и објавите на мајката на Фросина, која по несреќата најпрво ја промени својата слика со црна позадина.

Таa денес повторно се огласи, а нејзината објава може да ја прочитате во продолжение или на нејзиниот профил на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде