Ужасниот настан се случил во градот Вилинген-Швенинген.
Кога таткото дошол дома, ги затекнал сопругата (45) и двата сина (14, 16) мртви.
Според полицијата, сите жртви имале убодни рани. Полицијата и службите за брза помош започнале голема операција, но можеле само да ја потврдат смртта, пишува Билд.
Полицијата соопшти дека запленила нож, кој најверојатно бил употребен во убиството-самоубиството.
Се сомнева дека мајката прво ги убила своите синови, а потоа и самата себе.
Истрагата продолжува, а засега не е познат мотивот за ова брутално убиство.