Почивај во мир Игор.
Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш.
Како што повеќе пати сум пишал, речиси сите се запознавме во судската сала во КУЌАТА на неправдата. СУДБИНАТА наша и на нашите семејства ни ја определија безобзирни КРИМИНАЛЦИ кои во нас гледаа само СРЕДСТВА за постигнување криминално-политички цели!
Длабоко го разбирав твојот јад, гнев од неправда, гнев заради чувството на отфрленост, само пред неколку дена зборевме и се охрабрувававме да издржиме со надеж да дочекаме правда.
Игор, за мене во моментот кога ја чув веста, СМИСЛАТА за молење за правда, престана.
Најди го мирот во царството небесно.
