Ќе има ли врнежи од снег во Македонија? Прочитајте ја најнова временска прогноза

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ладното време како што и претходно кажав и најавив, ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па во деновите потоа ќе има локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег и повеќе застапени во западните  и во југозападните предели од нашата Македонија.

Во овие предели, во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, а на планините, секако и Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Сето ова ќе биде проследено, со слаб до умерен, повремено умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, од вторник па во деновите потоа ќе има услови за повремени послаби врнежи од дожд и од снег, или од појава на повремен послаб влажен снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро и понатаму на повеќе места ќе бидат негативни, односно под нулата, додека максималните дневни ќе бидат уште пониски за разлика од сегашните  и на повеќе места ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а на повисоките населени места,м планините, како и на Скијачките центри тие ќе бидат до околу, па  и под нулата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде