Најнова метео прогноза: Еве кога започнуваат врнежите од снег

Влијанието на ладната воздушна маса која продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент останува  и во следниот период и ќе условува ладно време. Сепак, во вторник (11 февруари) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон среда,

како и во среда (12 февруари) од запад во Македонија ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во некои пониски места, особено во Повардарието, како и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и од снег, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопскиот регион со овој бран ќе има врнежи од дожд и од снег, или појава на врнежи од влажен снег.

На повеќе места во западните предели ќе се формира снежна покривка  и во градовите, додека на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тендсенција на понатамошно опаѓање  и на повеќе места ќе се само за некој степен над нулата, или околу нулата, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или само за некој степен над 5 степени.

Наутро пак за време на овој период температурите ќе бидат на повеќе места негативни, односно под нулата.“, објави тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде