Таткото на Фросина со порака до родителите на Васил

Тодор Кулаков, таткото на прегазената 22-годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, гостуваше во новото издание на емисијата „Код“.

За одлуката на апелација, Васил Јованов да добие затворска казна, таткото на Фросина вели дека тоа е обид за спасување и наоѓање жртвено јагне за судската одговорност.

Тој, ја коментираше прес-конференцијата на родителите на осомничениот возач Васил Јованов и неговиот адвокат која ја доживува како „навредување на интелигенцијата“.

„Бог нека ми прости, мојата фамилија нека ми прости, јас такво сочуство не можам да прифатам бидејќи е лажно. 

Иако нивните намери им се такви нечовечни, јас само една работа можам да ги посоветувам. Молете се на Бога, признајте го делото, синот да го признае делото, да признаат мајката и таткото дека се соучесници во прикривање на криминалот, во прикривање на убиството..

Да пикаш телефони по притвори за да се договараш е чисто соучесништво. Значи, признајте го делото, правдата да биде задоволена, во спротивно самите си гледаат како јавноста ги третира“, коментира таткото на Фросина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде