ВОНРЕДНО: Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море, објавија бројни меѓународни истражувачки центри.

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри и бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.

УСГС додаде дека епицентарот се наоѓал на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун на Кајманските Острови. Не се знае дали е причинета некаква штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде