Вечерва во Србија се случи несреќа кога патничко возило се преврте на покривот.
Во 19 часот и 9 минути било пријавено дека на улица „Кралица Катарина“ бр. 57, се случила сообраќајна незгода и дека едно лице треба да биде извлечено од возилото.
Како што беше утврдено на местото на настанот, патничкото возило се превртело на покривот, при што внатре останал сопатник кој требало да биде ослободен.
Припадниците на противпожарната единица Кошутњак и Савски Венац, 9 пожарникари и спасувачи со 2 возила, го ослободиле повредениот и го предале на екипа на Брза помош.
Не е познато како дошло до несреќата.