Курти победи на изборите во Косово, но има голем проблем

Косовската владејачка партија Самоопределување (Ветевендосје), предводена од премиерот Аљбин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада, покажаа излезните анкети и првичните резултати од Централната изборна комисија.

Според анкетата на ТВ Клан, партијата на Курти освоила 38,2 отсто од гласовите, опозициската Демократска партија на Косово 22,4 отсто и Демократската лига на Косово околу 20 отсто.

Слични резултати покажуваат и анкетите на весниците Експрес и Коха.

Во косовскиот парламент има 120 пратеници, од кои 20 се малцинства – десет Срби и десет други.

На изборите се натпреваруваа шест српски партии, а најсилната, Српска листа, сестринска партија на владејачката СНС во Србија, е поддржана од официјален Белград.

Курти, левичар и албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде