Се преврте автобус полн со патници, има многу загинати: Страотни сцени од местото на автобуската трагедија во Гватемала

Најмалку 51 лице загина денеска поради лоши временски услови кога автобус во Гватемала падна од мост, потврди портпаролот на градската противпожарна служба.

Преполниот автобус се движел кон главниот град од градот и паднал во провалија длабока околу 20 метри од мостот, пренесува Ројтерс.

Телата на 36 мажи и 15 жени се предадени во мртовечницата, изјави портпаролот на пожарникарите Карлос Хернандез, пренесува „ФоНет“.

Претседателот на Гватемала Бернардо Аревало прогласи тридневна национална жалост.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде