Во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на магистралниот пат Охрид – Струга, поточно кај крстосницата за струшкото село Мислешево се повредени четири лица, од кои тројца се полициски службеници, информираат од СВР Охрид.
Незгодата се случила во 17:33 часот меѓу возилата „форд“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) и „опел“ со струшки регистарски таблички, сопственост на М. А. (52) од Струга.
„Со телесни повреди се здобил возачот на автомобилот марка ‘опел‘, констатирани во болницата во Струга.
Патниците од полициското возило, Д. П. (29) и Д. К. (28), двајцата од Скопје и Д. Ј. (31) од Куманово се префрлени во болницата ‘Свети Еразмо‘ во Охрид за укажување на лекарска помош“,изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Како што тој посочи, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.