Кевин Колвел (53), шеф на адвокатската канцеларија „Colwell Law Group“ во Олбани (Њу Јорк), почина откако беше пронајден тешко повреден во близина на скијачката патека Сагамор на планината Гор, потврди државната полиција.
Смртта на Кевин Колвел е потврдена на Фејсбук профилот на компанијата што ја основал, пренесоа американските медиуми.
„Ова е огромна трагедија за сите нас во компанијата“, рече Џенифер Стивенс, главен оперативен директор на канцеларијата, додавајќи:
„Кевин создаде не само бизнис, туку и семејство, а загубата на неговото присуство длабоко ја чувствуваат сите кои ја имаа привилегијата да работат со него.
Полицијата соопшти дека повредениот Колвел бил забележан на патеката, но и покрај напорите на минувачите и членовите на спасувачката екипа, тој починал.
Неговата адвокатска канцеларија работи речиси 20 години во областа на главниот град на државата, како и во западниот и централниот дел на Њујорк, се вели во соопштението.
NY law firm CEO Kevin Colwell killed in upstate skiing mishap: ‘An immense tragedyhttps://t.co/FG5WGuWJiu
— BREAKING NEWZ Alert (@MustReadNewz) February 9, 2025
