Премиерот Мицкоски ќе и предложи на Владата да ги задолжи сите големи ланци на супер маркети на своите веб страни да ги објават цените на сите производи кои ги имаат на своите рафтови
Мицкоски вели дека на тој начин ќе може да се следат цените.
Според него, тоа на граѓаните ќе им даде можност да можат да споредуваат меѓу маркетите а на Владата ќе и овозможи директно да го следи движењето на цените.
Премиерот рече дека ваков систем постои во повеќе европски држави.
Владата на седница која што е во тек ја анализира состојбата со цените на пазарот во обид да креира мерки кои би го спречиле поскапувањето пред се на храната но и на други производи.