МВР ги објави деталите за тешката сообраќајна несреќа кај Мислешево

МВР изнесе детали за сообраќајката која се случи вчера кај Мислешево.

-На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.,,Мислешески пат“ и ул.,,Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник – Д.К.(27) од Скопје и возачот  М.А., констатирани во Општа болница Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, стои во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде