Објавени нови детали: Убиениот Хабиб сакал да направи добро дело, па бил застрелан

Во Чаир, денеска претпладне, беа пронајдени две црни лимузини, целосно изрешетани со куршуми.

Во оваа престрелка загина 35-годишниот Хабиб Буњаку, вработен во администрацијата на државната енергетска компанија МЕПСО.

Според информациите на Телма, Буњаку бил присутен на прослава во еден од локалите во центарот на Скопје.

При излегувањето од објектот, се обидел да ги смири две групи кои имале конфликт. Во тој момент, тој бил смртно ранет.

Полицијата информираше дека инцидентот бил предизвикан од сообраќајни недоразбирања.

Во престрелката се повредени уште две лица, а четири лица биле приведени за помош во истрагата.

Се чекаат дополнителни детали, вклучувајќи дали меѓу приведените се наоѓа и лицето кое го застрелало Буњаку.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде