Убава вест за скенирачите на фискални сметки, се исплатеше трудот од собирање и скенирање.
Започна исплатата на Мој ДДВ за периодот октомври – декември 2024, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ.
Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари.
Како што беше практиката и досега, се очекува парите за сите оние кои што денеска ги немаат парите на своја сметка, а скенирале, да бидат исплатени до крајот на неделава.
Според податоците, сметки скенираат над половина милион македонски граѓани.