Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот од Загреб кон Карловац.
Карловачката полиција потврди дека несреќата се случила околу 16 часот и 40 минути на 26-от километар од автопатот и дека едно лице загинало.
Најверојатно се работи за лицето од возилото кое се запалило.
Хрватски патишта (ХАЦ) извести дека на автопатот А-1 има редици помеѓу одморалиштето Драганиќ и просторот за одмор Дешинец во двата правци, а дозволената брзина е 40 км/ч.
Очевидци на настанот велат дека се обиделе да им пријдат на настраданите и да пружат помош, но не можеле доволно да се приближат поради страв од можна експлозија.
На местото на несреќата итно биле повикани службите за итна помош – брза помош, пожарникари и полиција.
Причината за несреќата се уште не е позната, а повеќе детали ќе има откако надлежните ќе спроведат истрага.
