УХМР за денеска најави врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија

Денеска времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови од земјата,

додека во западните од попладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.  

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус 10 до еден Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од еден до девет степени.  

Во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до девет Целзиусови степени.  

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до среда ќе се задржи стабилното време со ниски утрински температури кои во наредните денови ќе бидат во постепен пораст.  

Во среда и во текот на ноќта кон четврток се очекува влажен бран кој ќе донесе повремени локални врнежи од снег на планините, а на пониските места од дожд и снег. Постојната снежна покривка, особено во западниот дел од земјата, освен на плалнините ќе се прошири и на некои повисоки места.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде